Македонија
8. November 2015 - 16:48

Неуспешните кадри на ВМРО-ДПМНЕ добија место во СДСМ

Неуспешните кадри на ВМРО-ДПМНЕ добија место во СДСМ. Поратлот Пресс24 денеска ја објави пристпаницата со која новата министерка за труд и социјала Фросина Ременски го заверила своето членство во владејачката партија уште на Божиќ, 99 година во месниот комитет Црквена маала во Крива Паланка.

Фросина Ременски, која тогаш се презивала Ташевска, во ВМРО-ДПМНЕ не оставила посебен впечаток. Нејзините поранешни сопартијци за Press24 велат дека намла капацитет за посериозни обврски и била верен следбеник на тогашниот лидер Љубчо Георгиевски.
Од СДСМ денеска преку писмено соопштение и покрај пристапницата која беше објавена во медиумите демантираат дека Ременски била член на ВМРО – ДПМНЕ. Од Бихаќка велат дека таа своерачно не ја потпишала пристапницата. И РЕменски на социјалните мрежи потенцираше дека пристапницата не била потпишана од неа како полнолетен граѓанин.
Сепак, реакцијата од Бихаќка не го смени впечатокот кај партиското членство кое е бесно што лидерот Заев им дава предност на неуспешните кадри на ВМРО-ДПМНЕ пред оние кои со години работат во партијата. Извори од Бихаќка брифираат дека меѓу незадоволните е и заменик претседателката Шеќеринска која не присуствуваше а последната седница на Централниот одбор оправдувајќи го отсуството со состанок во Блеград.
Сепак, нашите извори велат дека вистинската причина лежи во предноста која Заев и ја дал на Ременски пред Дамјан Манчевски, кој важи за многу близок до Шеќеринска.
Фросина Ременски е единствениот партиски потпретседател во чија биографија на официјалниот веб сајт на СДСМ не стои од кога е член на партијата. Додека кај останатите потпретседатели, Манчевски и Кирацовски во партиската биографија стои дека се членови а СДСМ речи си 20 години, зад Фросина Ременски, стојат само два реда политичка кариера.