Македонија
5. December 2016 - 12:43

Нетрпение прераснало во тепачка и оштетен автомобил во Ранковце

Жители на Ранковце и Радибуш синоќа пред продавница во Ранковце физички се пресметале, по што С.В. (33) го оштетил со метална шипка патничкото возило на Д.И. (27) од Ранковце. Пресметката настанала поради претходно меѓусебно нетрпение.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници излегле на местото на настанот и издале наредба да престане да удира по возилото, но С.В. замавнал со намера да удри полициски службеник. Полициските службеници успеале да го спречат во намерата и истиот бил лишен од слобода. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.