Нетпрес: Опасни вируси се појавија во градинка во скопски Карпош
Деца од градинка во скопската населба Карпош 2 заболеле од опасни вируси, неофицијално дознава Нетпрес.
Утрово, во градинката дошол и градоначалникот на oпштина Карпош, Стефан Богоев, заедно со епидемиолози, кои ја проверуваат состојбата кај децата, што укажува на алармантност и можна појава на епидемија во таа градинка. Нофицијалните информации на Нетпрес велат дека децата заболеле од вирусите коксаки и шарлах.
Kоксаки вирусите се едни од најмалите ДНК-вируси што можат да предизвикаат разни заболувања кај луѓето, особено кај децата. Постојат два вида на овој вирус – тип А и тип Б. Вирусот коксаки од типот А е многу посилен според дејството. Вирусот од тип Б, иако според дејството е послаб, се смета за потенцијално поопасен бидејќи може да го нападне срцевиот мускул и да предизвика инфекција со тешки и долготрајни последици.
Коксаки од тип А се нарекува и болест на рацете, стапалата и устата, додека вирусот од тип Б најчесто предизвикува главоболки, треска, болки во стомакот и белодробни тегоби. И двата вида коксаки можат да предизвикаат и менингитис (воспаление на мозокот), миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на срцевата обвивка).
Коксаки се пренесува единствено преку фекално-орален пат, па затоа и се нарекува „болест на нечисти раце“. Вирусите се излачуваат преку столица и се внесуваат орално (преку уста), односно преку нечисти раце кои не се добро измиени при случаен допир на фецес или столица во која ги има. Тоа најчесто се случува при менување пелени, чистење детски нокшири или тоалетни школки.
Шарлах е вид сипаница и од оваа болест боледуваат претежно деца меѓу една и 10 години.
За разлика од сипаниците кај шарлахот организмот не изработува трајни антитела кон причинителот на болеста. Односно, може повторно да се разболите од шарлах. Но овие повторени случаи се прилично ретки.
Ново на Сител
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина
-
Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада
-
Јермак: Киев не е подготвен за преговори со Русија