Нето платата во април 22.672 денари
Нето платата во април годинава забележа зголемување од 1,4 отсто и изнесуваше 22.672 денари, додека бруто платата имаше раст од 1,5 проценти и изнесуваше 33.296 денари.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето платата е резултат пред се на зголемувањето во секторите: Информации и комуникации, 22,4 отсто, Рударство и вадење камен, 14,7 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 6,1 процент, додека зголемувањето на бруто платата е резултат на растот во Информации и комуникации, 19,7 отсто, Рударство и вадење на камен, 12,8 и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 5,8 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации за 14,4 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 4 и Градежништво, 3,9 проценти, а на исплaтена бруто-плата во секторите: Информации и комуникации за 11,8 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, 3,9 и Градежништво, 3,5.
Во април 2017 година, 0,9 од вработените во Република Македонија не земале плата.
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава