Нетанјаху: Препораките за покренување обвинение нема да резултираат со ништо
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека препораките на полицијата да биде обвинет за корупција „нема да резултира со ништо".
Во телевизиското обраќање до нацијата, Нетанјаху ги отфрли наводите дека добивал скапи подароци, вклучувајќи шампањ и скапи пури, од холивудскиот богаташ Арнон Милчан во замена за давање услуги.
Израелскиот премиер, исто така, е осомничен дека нудел привилегирана позиција на издавач на весници во замена за поповолен медиумски третман.
Нетанјаху изјави дека неговата долга политичка кариера е „исклучиво за доброто на земјата". Тој ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки" против него и најави дека ќе остане на функцијата. Тој го заврши обраќањето со ветување дека ќе остане премиер на Израел и дека ќе се натпреварува за реизбор.
Полициските препораки ќе бидат доставени до државниот обвинител, кој ќе одлучи дали да подигне обвиненија.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност