Нетанјаху мандатар за состав на нова израелска Влада
Израелскиот претседател Ривен Ривлин денеска му додели мандат на премиерто Бенјамин Нетанјаху да формира нова влада по изборите, што се одржаа на 23 март.
Ривлин истакна дека пред седум години кога бил избран за претседател не можел да замисли дека петпати ќе именува мандатар за време на неговиот мандат.
– Главниот фокус треба да се стави на тоа кој може најдобро да формира влада што ќе ја добие довербата на Кнесетот. Имам впечаток дека никој од кандидатите нема шанса да коалицира, посочи Ривлин.
Тој наведе дека е проблематично да се предложи кандидат со кривична пријава, но оти Врховниот суд одлучил дека тоа е дозволено.
Друга опција, која очигледно ја разгледува Ривлин, е испраќање на мандатот директно до Кнесет. Пратениците кои минатата недела положија заклетва ќе имаат неколку недели да најдат кандидат за составување на нова влада.
Одбивањето на Религиозна ционистичка партија да се приклучи на коалиција поддржана од Обединетата арапска листа го отежнува формирањето на владина коалиција.
Претходно, не успеаја преговорите на партиите Јамина и Јеш Атид за влада на единство. Според преговорите Нафтали Бенет требаше да биде премиер во првите две години, а Јаир Лапид во следните 2,5 години. Но, тие не успеаја да се договорат за министерските места.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица