Свет
6. December 2015 - 13:56

Нетанјаху: Израел нема да биде двонационална држава

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел нема да биде двонационална држава, отфрлајќи го на тој начин предупредувањето од американскиот државен секретар Џон Кери.

На состанокот на кабинетот, Нетанјаху рече дека „Израел нема да биде двонационална држава, но дека за постигнување мир неопходно е и другата страна да одлучи дали сака мир“.

Во вчерашниот говор во Вашингтон на Брукингс институтот, Кери предупреди на опасноста од можен колапс на Палестинската управа.

- Ако тоа се случи, Израел би можел да ја преземе целосната власт на Западниот брег, што би можело да доведе до создавање единствена држава, а тоа би ја загрозило иднината на Израел како еврејска и демократска држава, објасни Кери.