Свет
29. December 2016 - 16:38

Нетанјаху го сврте вниманието на светот

Израелскиот јавен обвинител отвори кривична истрага против актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според написите на меѓународните новински агенции отворени се сомненија за две кривични дела за кои не се соопштуваат детали.

Се шпекулира со обвиненија за поткуп во висина од 1 милион евра наводно земени од осудуван француски државјанин како и со спорна набавка на подморници од Германија.

Кабинетот на Нетанјаху ваквите обвинувања ги оцени како бесмислици. Ниту обвинителството ниту полицијата не соопштуваат официјални детализ а случаите кои првично ги обелодени израелската Канал 10 телевизија.

Нетанјаху деновиве ги полни насловните страници на светските медиуми и поради отворениот конфликт со САД околу Резулуцијата на Обединетите Нации против Израел која беше усвоена во петокот а на која прв пат по многу децении САД не стави вето и со тоа овозможи да бдие усвоена. Нетанјаху го критикуваше говорот на американскиот државен секретар Џон Кери кој го оцени како пристрасен и против Израел, обвинувајќи го дека е опседнат со прашањето на израелскиот населби чие градење во петокот го осуди резолуцијата на Советот за безбедност.

На последниот потег на администрацијата на Обама кон Израел бурно реагираше ново избраниот американски претседател Доналд Трамп кој ќе биде инаугуриран во јануари.

Новоизбраниот претседател не ја крие својата огорченост. „Мислев дека ова ќе биде мазна транзиција – НЕ БАШ!“. Тој ја прозва администрацијата на Обама поради „тоталниот презир и непочитувањето“ кон традиционалниот американски сојузник Израел.

На крај му порача на Израел да „остане силен“ до неговото скорешно влегување во Белата куќа, сугерирајќи дека неговиот однос кон таа земја ќе биде значително попријателски- Издржи Израел, 20ти јануари брзо доаѓа, напиша Трамп на Твитер.