-->
-->
Несудениот „вардарец“ се прости од фудбалот
-->
Поранешниот напаѓач на Тотенхем и Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов објави дека се повлекува од фудбалот, 18 месеци откако си замина од индискиот клуб „Керала бластерс“, ставајќи крај на 20-годишната кариера.
38-годишниот најдобар стрелец во историјата на Бугарија, во кариерата играше и за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Фулам, Монако и ПАОК.
„Некој ми спомена дека морам да кажам нешто и бидејќи луѓето постојано ме прашуваат, посебно дома во Бугарија, морам да се простам со фудбалот. Мојот последен меч беше пред една година и сега морам да сопрам“, напиша Бербатов на Инстаграм.
Бербатов освои две титули од Премиер лигата со Манчестер јунајтед и беше прогласуван за најдобар бугарски фудбалер од 2004 до 2010 година, најави дека ќе остане во фудбалот на некој начин.
Тој дебитираше за бугарската репрезентација во 1999 кога имаше само 18 години и се повлече од националниот тим во 2010 со 48 гола во 79 меча.
Анегдотата која се раскажува долго време е дека Димитар Бербатов како 17-годишник можеше да заврши во Вардар, но трансферот не се реализирал. Како член на Пирин, напаѓачот дал два гола, па му бил понуден на Вардар, од каде оцениле дека не е доволно талентиран.
Успесите на Бугаринот започнуваат токму од тимот на Пирин, каде за тамошниот резервен тим на 92 натпревари постигнува неверојатен гол-учинок од дури 77 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии