Loading Video...
Фудбал
13. November 2017 - 15:05

Несторовски продолжува со Палермо до 2021 година

 
Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски го продолжи договорот со Палермо до 2021 година.
 
Палермо објави дека го продолжи договорот со Несторовски до 30 јуни 2021 година, а задоволството од продолжување на соработката искажа и македонскиот фудбалер.
 
- Среќен сум во Палермо, клубот кој ми даде чест да бидам капитен на тимот. Сакам да помогнам Палермо да се врати во Серија А, изјави Македонецот.
 
Несторовски во Палермо дојде од Интер Запрешиќ (Хрватска) и се истакна со своите игри. Тој е главен адут на клубот во обидот да се врати во елитата.