Фудбал
16. July 2017 - 19:41

Несторовски и Трајковски стрелци за Палермо

Македонскиот репрезентативен тандем Несторовски - Трајковски продолжува со Палермо во Б- серија каде ќе се обиде да му помогне на клубот да се врати експресно во елитата. 

Калчолигашот веќе го одигра првиот контролен дуел против  австрискиот нисколигаш Клајнкирхејм совладувајќи го со 7-1. Трајковски даде гол уште во првата минута од средбата, а потоа на сцена стапи и Несторовски. Капитенот на Палермо за точно 30 минути даде три погодоци и водство од 6:1 за италијанскиот тим. До крајот на првиот дел , Палермо даде уште еден гол за убедливи 7:1. 
https://