Loading Video...
Фудбал
26. July 2019 - 18:52

Несторовски е нов член на Удинезе

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски кариерата ќе ја продолжи во Италија., 
 
Популарниот „Нестор гол“  кој изминатите три сезони го носеше дресот на Палермо, сега ќе настапува во екипата на Удинезе. 
 
Ова денеска на својот официјален сајт го потврди клубот од Удине, односно спортскиот дирекот Пјерпаоло Марино. 
 
Несторовски потпиша тригодишен договор со Удинезе, со постои опција за уште една сезона. Неофицијално, постои можност Несторовски веќе утре да го има своето деби и тоа во дуел против Борусија Дортмунд.