Loading Video...
Фудбал
3. July 2020 - 11:08

Нестороски стрелц на гол за Удине во победата над Рома

Македонскиот репрезентативец Илија Нестороски постигна гол во победата на Удине над Рома, додека Елиф Елмас не настапи за Наполи во поразот од Аталанта 
 
Тимот на Удинезе забележа значајна победа со 2:0 во дуелот против Рома со која црно-белите се одалечуваат од опасната заона во Серија А. 
 
Удинезе ја искористи предноста на играч повеќе откако Пероти во 25.минута заработи црвен картон, откако претходно во 12-тата Ласаља го постигна голот за водство од 1:0.
 
Нестороски кој во игра влезе во 65-минута, само тринаесет минути подоцна се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го вториот гол за Удинезе на овој натпревар, но и втор за македонскиот репрезентативец сезонава во дресот на овој клуб. 
 
 
Со оваа победа Нестороски и Удине му направија услуга на Наполи кој претходно загуби на гостувањето кај Аталанта со 2:0. Нашиот репрезентативец Елиф Елмас не доби шанса од Гатузо да влезе во игра. 
 
Така во трката за двете позиции кои носат пласман во Лигата на Европа, наполи останува на три бодови помалку од Рома и два повеќе во однос на Милан и три повеќе од Верона.