Македонија
13. April 2018 - 12:01

Нестабилно време попладне во северните делови, утре попладне на планините

Краткотраен дожд и грмежи најавуваат за денеска попладне метеоролозите во северните делови од земјата, а утре во планинските предели.

Времето утре ќе се задржи претежно сончево и топло, а во недела ќе има зголемена облачност со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Времето утре ќе достигне до 29 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо
време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.

Температурата во понеделник ќе достигне максимални 22 степени. И во наредните денови ќе биде во интервал од 15 до 23 степени