Живот
2. March 2018 - 11:19

Несреќната Мелек е вистински ангел и навива за Бешикташ

Серијата „Се викав Мелек“ (мелек – ангел) носи потресна судбина на едно малечко девојче кое е жртва на семејно насилство.
 
Уште на правата епизода ги разбуди сите емоции кај гледачите, а допрва следуваат потресни епизоди од животот на мелечкото девојче.
 
Имено, приказната е базирана за децата кои се жртва на семејно насилство во Азија, а откако се снимаше првата сезона во 2016 година, режисерот и сценаристите ја започнаа и втората сезона која ја реализираа до самиот крај на 2017 година.
 
За Мелек или малото талентирано осумгодишно девојче Берин Гокјилдиз ова не е прва улога.
 
Досега се има појавено во уште три серии и неколку реклами, па оттука нејзините телевизиски и актерски ангажмани постојано се зголемуваат.
 
Имаку за улогата на Мелек таа веќе доби и награда на престижните филмски награди во Турција.