Македонија
27. April 2018 - 10:11

Несреќен случај го потресе Куманово: 13-месечно бебе падна од балкон

Вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на ул. „Егејска Македонија“ дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.

Детето било пренесено во Јавната здравствена Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.