Македонија
23. April 2018 - 14:52

Несреќа во струмичко: Тракторист прегази четиригодишно дете

Несреќа во село Доброшино, тракторист удри во четиригодишно дете. Како што информираат од МВР,  околу 07,30 часот во село Доброшино, Општина Василево на нива, додека С.Д., бил со запрежно возило, а позади него Д.Д. со својот четиригодишен годишен син се движеле пеш, во еден момент запрежното возило се вратило назад, при што го повредило детето. Тоа е пренесено во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.