Македонија
5. November 2018 - 15:25

Несреќа во Скопје: Прегазено деветгодишно дете

Во 14,00 часот на улица „Знеполе“, 66-годишниот Б.А. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки удрил во деветгодишно дете од Скопје.

По незгодата детето со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.