Македонија
21. January 2017 - 12:22

Несреќа во Скопје: Прегазен пешак итно на Ургентен

68-годишната М.М. од Скопје е тешко повредена откако вчера попладне во неа удрило возило „Пежо 206“ со скопски регистерски ознаки, управувано од страна на 32-годишниот П.М. 

Несреќата се случила во 15 часот и 30 минути на улицата „Воин Драшкоци“ по што М.М е пренесена во Ургентниот центар Мајка Тереза и е задржана на лекување.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.