Македонија
29. April 2019 - 12:45

Несреќа во Пехчево - тракторот сам се придвижил и го прегазил

Синоќа во 00:10 часот по полноќ од Здравствениот дом Пехчево било пријавено дека кај нив бил донесен 37-годишниот Г.Р. од село Умлена–Пехчево со повреди.

Имено, според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил. Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на настанот.