Македонија
29. July 2018 - 11:53

Несреќа во Охрид, повредено 13-годишно момче

Сообраќајна несреќа се случила во Охрид, повредено 13-годишно момче. Според иноформациите од полицијата, вчера во 22,40 часот на улицата “Сирма Војвода“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед со охридски регистерски таблици управуван од И.М.(35) од Охрид и велосипед управуван од 13 годишно дете од Охрид.

Во незгодата сo тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување, а велосипедистот се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот