Македонија
3. October 2017 - 11:25

Несреќа во Македонија: Прегазено 4 годишно дете

Четири годишно дете е тешко повредено откако вчера утрината било прегазено од комбе на улицата „Драге Карбуничанец“ во Кичево.

Од полицијата информираат дека во момчето удрило комбе „Фолксваген крафтер “  управувано од 22-годишниот Д.А. од Кичево.

Детето со тешки повреди било пренесено во медицинскиот центар во Струга, од каде е префрлено во охридската болница „Св.Еразмо“. Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата