Македонија
5. August 2019 - 9:58

Несреќа во Македонија: Четири годишно дете прегазено од трактор

Четири годишно дете е тешко повредено откако паднало од приколка и било прегазено од трактор.

Несреќата, информираат од МВР, се случила во беровско Двориште вчера околу 15:30 ќасот.

–Пред мостот на „Дворишка река“ додека М.Т.(49) управувал трактор „Фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т.(49) и уште две деца, едно од децата (4) паднало и било прегазено со десното тркало, информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување на лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.