Македонија
20. November 2019 - 10:37

Несреќа во Куманово - маж итно пренесен во болница

На регионалниот пат Куманово – Скопје, кај село Никуштак, вчера во 16.20 часит патничко моторно возило „пежо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(56) од Куманово, удрило во пешакот Е.И.(80) од Куманово.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.