Македонија
13. јуни 2019 - 11:24

Несреќа во Кочани: БМВ со бугарски таблички прегази жена

Несреќа во Кочани, прегазена 52 -годишната жена од село Оризари. Според информациите на полицијата, вчера  година во 20.55 часот на улица „Теодосија Паунов“ во Кочани, патничко возило „БМВ“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.С.(36) од Кочани, удрило во пешакот Ј.С.(52) од с.Оризари, кочанско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Ј.С. и била пренесена во Јавнат здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кочани.