Свет
14. јуни 2019 - 21:59

Несреќа во Кина, мост се урна за неколку секунди: Цела секција од 120 метри среде ноќ падна во вода

Две лица се водат за исчезнати кога се урна мост на југот на Кина, а возилата за само неколку секунди завршија во вода.

Полицијата од градот Хејуан соопшти дека во утринските часови се урна секцијата на сообраќајница во должина од 120 метри.

Службите за обезбедување спасија маж на возраст од 44 години, а две лица исчезнале.

На снимките кои ги забележаа безбедносните камери се гледа со која брзина се се случило. Немало никакво навестување дека мостот ќе се урне.

Мостот се наоѓа на реката Донгџијанг во провинцијата Гуангдонг. Покрената е истрага за причината за несреќата.

Јужниот дел од Кина е зафатен со силни дождови, во кои настрадаа 61 лице, а не е познато дали надојдената вода има влијание.