Џет-Сет
25. јуни 2016 - 13:07

Несреќа на снимање: Хрватска актерка погодена со куршум

Актерката Mаријана Микулиќ имала незгода на снимањето на новата серија.
 
Додека со останатиот дел од екипата снимале сцени со стрелање, таа во ногата била погодена од куршум.
 
-Она кога на снимање ќе добиеш куршум во нога, вистински, напишала актерката под фотографијата која ја споделила на социјалните мрежи.
Подоцна објаснила дека во моментите на снимање и пукањето таа се наоѓала од другата страна на ѕидот и на никој не му е јасно како се случила несреќата.