Македонија
4. October 2018 - 10:10

Несреќа на патот Штип-Карбинци - едно лице повредено

Тешка сообраќајна несреќа се случила кај Штип, едно лице е повредено. Како што стои во билтенот на МВР,  околу 00,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Карбинци, во с.Стар Караорман патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од К.Д. (23) од с.Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo. По незгодата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.