Македонија
25. September 2018 - 14:02

Несреќа на македонските патишта - едно лице тешко повредено

Тешка сообраќајна несреќа се случило кај Свети Николе, едно лице повредено.

Според информациите од МВР, на регионалниот пат село Немањици – Свети Николе вчера во 16:40 часот патничко моторно возило „Цитроен“ со странски регистарски ознаки, управувано од С.И.(41) од село Ерџелија, светиниколско, изгубило контрола и излетало на левата страна од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.