Македонија
4. July 2018 - 10:50

Несреќа кај Велес - повредени две лица

На регионалниот пат Велес – село Мамутчево, вчера во 16:15 во близина на место викано „Штипска клучка“, дошло до судир помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (267) од с.Сушево, општина Василево, и работна машина „Тома Винковиќ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.А. (43) од Велес.
 
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, додека сопатникот С.А. се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Општа болница Велес.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.