Македонија
28. September 2017 - 13:28

Несреќа кај Штип: „Фолксваген“ слета од мост - повредено 20-годишно момче

На автопатот Миладиновци-Штип вчера околу 20 часот во близина на „Филтерна станица“-Свети Николе, Л.Р. (41) од Штип, управувајќи патничко возило „Фолксваген“ со штипски регистерски таблици слетал од недоизграден (неповрзан) мост. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Б.К. (20) од Свети Николе, кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Штип. 

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Свети Николе.

Се работи на целосно расчистување на случајот.