Несреќа кај Сарај, има повредени
Тешка несреќа на региналниот пат Скопје - Тетово, има повредени.
Како што информираат од МВР, вчера во 21,40 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово кај с.Сарај се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Фолксваген транспортер“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.С.(54) од с. Крушопек-скопско, и патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици, управувано од А.О.(32) од с.Копаница-скопско. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците од возилото “Сеат“ Ј.Д.(19) од с. Ласкарци-скопско и М.О.(29) од с Копаница-скопско, кои со друго возило биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Од страна на лекар кај А.О. констатирани биле тешки телесни повреди, а кај останатите повредени лица констатирани биле телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк