Македонија
22. јуни 2018 - 10:46

Несреќа кај салата „Борис Трајковски“ - повредени татко и син

Сообраќајна несреќа кај салата „ Борис Трајковски“, повредени татко и син. Според информациите од полицијата, вчера  во 23.30 часот во близина на салата „Борис Трајковски“, мопед „Јијинг“, управуван од И.З. (41) година од с.Бардовци, скопско, удрил во рабник и метални столбчиња на тротоарот. Притоа, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Сопатникот на мопедот, осумгодишно дете, со друго возило било пренесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди, по што било пуштено на домашно лекување Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.