Македонија
21. July 2018 - 12:31

Несреќа кај Кичево - повредени две лица

На 20.07.2018 година во 02,25 часот било пријавено дека во Кичево на улицата „Маршал Тито“ патничко моторно возило “Фолксфаген Голф“ управувано од А.Р.(22) од Кичево излетало надвор од коловозот и се превртело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Л.Р.(18) кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.