Македонија
2. February 2019 - 10:29

Несреќа кај Делчево - маж со тешки повреди итно пренесен на скопските клиники

Несреќа на локалниот пат Габрово - Делчево, маж тешко повреден со Брза помош итно пренесен на скопските клиники. Како што информираат од полицијата, вчера  во 08.30 часот на локалниот пат село Габрово-Делчево, патничко возило ,,Пежо 206“ со  делчевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(59) од  село Габрово, изгубило контрола,  удрило во  брегот од десната страна на патот и се превртел на кровот. Притоа, возачот Б.Ј. се здобил со тешки телесни  повреди и со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар Кочани и по укажаната помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево.