Loading Video...
Македонија
10. August 2019 - 16:55

Несовесните граѓани или комуналните служби, кој е виновен за сметот по улиците?

Празни лименки и кутии од цигари, четки за заби, остатоци од храна на плус 30 степени... ова е само дел од ѓубрето, кое за жал, наместо во и онака празниот контејнер е ставено до него. Неодговорноста на граѓаните оди до таму што отпадоците наместо да ги фрлаат на соодветно место, завршуваат под нивниот прозорец. Парковите наместо зеленило, ги красат пластични кеси.

Во топлите денови кое со себе носи закана од ширење на бактерии и зарази од ѓубрето, од Јавното претпријатие Комунална хигиена излегоа со апел.

 Граѓаните скептични-велат ѓубре има, но решение за проблемот нема.

Дека граѓаните немаат однос кон животната средина говори и видеото кое пред два дена се појави на социјалните мрежи, а на него се гледа како човек фрла ѓубре од автомобил покрај автопат.