Фудбал
6. March 2017 - 14:05

Неславен рекорд во Ц.Гора, пет прволигашки средби без постигнат гол

Викендов на натпреварите кои се одиграа во Втората фудбалска лига на Црна Гора не беше постигнат ниту еден гол на пет натпревари. Неверојатно, но сите пет средби од 17.коло завршија 0:0.

Втората црногорска лига не е ефикасно натпреварување, лидерот Ибар по 17 натпревари има гол разлика 25:5, најефикасен е Ком со 40 постигнати голови, но интересно е што ниту еден друг нема постигнато повеќе од 20 голови во 17 натпревари.

Тимовите на Морнар и Цетиње гол посигнуваат на секои 190 минути, па не треба да чуди зошто ова првенство е неефикасно.

На табелата во Втората лига на Црна Гора се натпреваруваат 11 екипи, бидејќи пред две кола Графичар е исклучен од првенството, лидер е Ибар со 35 бодови, еден повеќе од Ком.