Џет-Сет
16. August 2015 - 10:56

Несекојдневна ситуација - На Ѓоковиќ му се заврте среде натпревар од марихуана!

 
За време на полуфиналниот натпревар на Роџер Купот во Монтреал дошло до несекојдневна ситуација.
 
Некој од гледачите на трибите пушел марихуана, а тоа го почувствувал и Новак Ѓоковиќ.
 
Ноле во еден момент со насмевка му се обрати на главниот судија и го праша дали и тој чувствува чуден мирис.
 
Судијата го прашал како мирис, на што Ѓоковиќ директно му одговорил.
 
-Некој дува тука на стадионот, чувствувам вртоглавица, рекол тенисерот.