Нервозните луѓе почесто добиваат срцев удар!
Лицата кои често се лутат и тешко им простуваат на другите, изложени се на поголем ризик од срцев удар во однос на другите, кои не се злопамтила, покажа истражување спроведено на Стенфорд.
Овие лица страдаат и од болки во грбот и главоболки.
Доколку му простите на партнерот што ве изневерил или ако му упатите насмевка на досадниот возач кој постојано ве претекнува, ќе си направите себе си услуга.
Научниците утврдија дека простувањето е клуч на здрав и урамнотежен живот. Лицата кои се подготвени да ги заборават несогласувањата, во помала опасност се да заболат од депресија, болести на срцето, мозочен удар и рак.
Доколку помните лоши работи, постојано ќе стравувате дека некој од блиските луѓе повторно ќе ве изневери, што долгорочно гледано, ви го нарушува здравјето, вели др. Фред Лускин, психолог од Стенфорд.
„Коктелот“ од негативни емоции доведува до зголемен крвен притисок, а може да влијае и на ослабнување на меморијата.
Нервозните и конфликтни луѓе почесто добиваат срцев удар, што може да биде и фатално.
Ново на Сител
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра