Бизнис
16. January 2018 - 19:38

Нерешените имотни односи ја кочат изградбата на гасоводот, сепак годинава ќе бидат изградени 80 километри

Изградени само 17 отсто од гасоводите Скопје- Гостивар со крак до Тетово и Неготино – Битола.

Но и покрај тоа надлежните тврдат дека двата гасовода ќе бидат готови во утврдените рокови - за период од две години.

Во текот на 2018 пак се очекува да биде завршен само делот од Штип до Неготино. Како најголем проблем поради кој гасификацијата се одвива бавно надлежните ги посочија приватните имоти каде треба да поминуваат цевките.

- Договорите се крајниот рок за Неготино- Битола да заврши до 2020 година, а Скопје – Гостивар со крак до  Тетово да биде готов до крајот на 2019. Единствено 100 проценти да биде завршен  се очекува Клечовце – Неготино, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

За решавање на имотните споровои директорот на МЕР Котевски посочи дека се обезбедени  5 милиони евра и тоа 4 милиони за гасоводот кој ќе поминува кај полошкиот регион  и  едне милион за делот од Неготино до Битола.

Од Македонски енергетски реусрси посочија дека годинава е предвидено Македонија да добие  80 километри гасовод, за што  обезбедени се 40 милиони евра буџетски пари. првите приклучоци се очекува да бидат за две годни но само ако општините интензивно работата на секундарната однсоно дистрибутивната мрежа. Се планира и ново интерконективно поврзување со Грција и Бугарија.