Живот
11. September 2019 - 16:11

Нераскажана љубовна приказна која е прекината на 11 септември: Сакаа да го живеат американскиот сон, доживеаја кошмар

Точно 18 години помина од страотниот терористички напад кој се одигра во САД. Тој 11 септември 2001 година, припадниците на Ал Каеда грабнаа 4 американски авиони, од кои два удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк. Многу приказни се врзуваат за овој датум, а една посебно го трогна светот на денешната годишнина. Станува збор за Ана и Луис Алфонсо кои се обидувале да го остварат својот американски сон, но судбината засекогаш ги раздели. Луис Алфонсо Чимбо го загуби животот токму во овој ужасен терористички напад.

Пораснале заедно во планините на Еквадор во католичкото гратче Куенка. Семејствата им се дружеле, па било и логично во кој правец нивната приказна ќе продолжи да се развива. Откако се венчале во 1988 година, Алфонсо заминал во Њујорк на неколку години, по што се вратил во Еквадор и ја однел и Ана во подобар живот. Или барем тие така мислеле, пишува Тајм.

Изнајмиле куќа во Квинс, а набрзо и добиле син. Алфонсо секојдневно работел секакви работи, за да го прехрани семејството додека не се создала животна можност.

Пријател му помогнал во 1996 година да добие работа од соништата во приемното одделение за обработка на храна, ликери и залихи од ресторанот „Прозорци на светот“.

34-годишниот Чимбо скокал како мало дете кога ќе добие играчка која отсекогаш ја посакувал. Тогаш и нивниот сон дека конечно ќе имаат можност да заштедат пари за тој и Ана да отворат свој ресторан.

Чимбо е унапреден на менаџерската позиција во август 2001 година/ Меѓутоа токму тие денови Ана доживеала спонатан абортус. Зел слободен ден за да се грижи за неа, со намера следниот ден, на 11 септември да се врати на работа.

Во 5 часот утрото на 11 септември Чимбо станал и тивко излегол од куќата околу 5.30. Обично би ја бакнал сопругата, која се уште била во кревет, но не и тоа утро. Ана вели дека станала од креветот, го видела како заминува и му рекла: „Довидување, љубов моја“.

"Прозорци на светот“ беше ресторан кој се отвори во 1976 година на врвот на Светскиот трговски центар. Токму овој ресторан помогна антипатијата кон Светскиот трговски центар да се претвори во прифаќање на Близначките како симбол на Њујорк, што пред тоа не беше случај.

И токму таа 2001 година, овој ресторан беше најнаградуван ресторан во земјата и стана задолжително свратилиште за гостите надвор од градот, место за посебни прилика за Њујорчаните и спасувачки пат за стотици имигрантски работници, од кои некои, како Чимба биле без документи.

Сопственикот на ресторанот Дејвид Емил и извршниот кувар Мајклс Ломонако сведочеа дека нивните вработени навистина имале можност да напредуваат и ја сакале работата која ја работеле, зошто за нив тоа претставувало остварување на американскиот сон.

И Ана исто така била илегално во САД, и првите неколку дена по 11 септември се двоумела дали да побара помош за себе и за својот 12-годишен син.

„Бев исплашена. Мислев дека можеби тоа не го заслужувам зошто ова не е моја земја“, раскажа за Тајм. Меѓутоа, на синот му биле потребни лекови против астма, а помош добила, ни помалку ни повеќе туку од сопственикот на ресторанот.

Дури во јуни 2018 година, Ана со возот од Квинс отишла до меморијаниот центар на местото на темелите на Светскиот трговски центар, каде се почувствувала како да дошла на роденденот на својот сопруг. Донела и цвет и роденденска честитка на која напишала: „Љубов на мојот живот, среќен ти роденден“.

Стоела во групата туристи со часови и гледала како некои од нив ја отвораат и ја читаат нејзината честитка. Некои од нив биле потресени до солзи.

„Гледаш Чимбо, овие луѓе дојдоа на твојот роденден“, помислила во себе.

Чимбо, кој е меѓу илјадата жртви чии посмртни остатоци никогаш не се пронајдени, во една прилика и рекол дека, ако тој умре прв би сакал пепелта да му се истури во океанот. Ана верува дека таа желба му се исполнила кога зградата паднала ии кога неговата пепел исчезнала во воздухот над Атлантикот.

Дури после повеќегодишна упорност, Ана во 2016 година доби зелена карта за себе и за синот. Работи во слаткарница, а нејзиниот син стана фотограф и графички дизајнер.