Бизнис
5. November 2020 - 12:50

Непроменети цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава

Цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември годинава останаа на исто ниво, а во однос на октомври лани се зголемени за 0,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-октомври годинава, споредено со истиот период лани, цените на угостителските услуги се зголемени за 0,4 отсто, а за толку се зголемени и во однос на декември минатата година.