Живот
6. February 2019 - 18:14

Непробиениот трезор на Путин го имаат изградено Србите - ова е тврдината каде се чува целото руско богатство

Русите во 90-тите решиле дека целото богатство кое до тогаш било чувано на ридовите на Кафказ да го рпефрлат во Москва, а српската компанија БК добила доверба да го изгради трезорот во кој ќе се чува богатството на големата Русија и некогашната СССР. 
 
Главниот терзор на Централната Банка на Руската Федерација е една од најдобрите чувани тврдини на светот која не можат да ја пробијат ни најсовремените балистички ракети. 100.000 метри  квадратни  и 4 спрата под земја била предизвик на кој најдобро одговорила српската компанија. 
 
На тенедерот учествувале 17 компании од целиот свет, а Драгомир Кариќ екслузивно за српски Курир открива што компанијата БК понудила и ги воодушевила Русте. 
 
- Неколку години пред градењето на трезорот, БК компанијата ја изградила управната зграда на Централната Банка во Русија која се наоѓа преку патот на Кремиљ. Тоа била првата паметна зграда  на светот и целосно компјутеризирана. Со тоа се докажавме и ја заслуживме довербата за градење на трезорот. Воодушевивме и пред се со идеалното решение какво што никој не понуди. Очекуваа типична комунистичка изградба, а ние дизајниравме зграда која изгледа како хотел со 7 ѕвезди, со светла, фонтани, цвеќиња и панорамски стаклени лифтови, раскажува Драгомир Кариќ. 
 
Меѓутоа, тоа што било пресудно е токму најмодерната опрема. Градењето на целиот објект чинеше повеќе од милјарди долари, а околу 300 милиони биле вложени во најмодерната опрема. 
 
- Не бевме најевтини, но на нив им беше најважно да одберат најдобра понуда. Понудивме навистина најмодерна опрема од нашиот роден град, од Пеќ, со гордост раскажува Драгомир. 
 
Тогашниот претседател на Централната Банка на Русија имал посебна врска со Србите и Срибија бидејќи неговиот татко учествувал во ослободувањето на Белград. 
 
 
Русите не се базирале на тоа што тогашната СР Југославија била под санкции, инсистираа токму БК компанијата да го направи трезорот. Во тоа време таков проект беше од големо значење за самата компанија, но и за целата земја, бидејќи на градилиштето низ цела Русија работеа околу 30.000 работници од нашата земја, а од тогаш 2.000 само во Москва. Во тие доцни 90-тите тоа значеше и сретства за живот на неколку илјади српски семејства. Притоа, БК компанијата како предузимачи ангажиараше фирми од цела поранешна СФРЈ. 
 
Компанијата, но и сите кои работеле на строго доверениот проект поминале низ проверки од страна на русите безбедносни служби. Главни за проектот биле Зоран Кариќ и Владаан Јевтиќ. 
 
- Сите потпишавме договор за тајност кој важеше за 10 години и спрема тоа не смеевме да ја откриеме тајната за дизајнот и целиот проект. Беше строго забрането снимање и сликање, а овие фотографии се ексклузивни, вели Драгомир. 
 
Зградата е завршена во 1999 година, после две години непрекината работа. Се работело 24 часа дневно во три смени. Требало многу труд и знаење да се изградат тие 100.000 квадратни метри изградени од непробиени арматури какви до тогаш не биле користени, а посебен предизвик биле четирите спратови ископани под земја во кои се чуваат парите, златото, но и дијамантите. 
 
 
Просториите на трезорот се работеле кутија во кутија, со дупли ѕидови и меѓуспратни плочки, измеѓу кои е вклучено и ласерско надгледување. Трезорите имаат три скали со најсовремена електронска заштита, па и покрај тоа има и физичка заштита и трезорска врата како во американските филмови, што изгледа апсолутно недоопирливо.