Loading Video...
Балкан
21. February 2019 - 16:46

Непристојни коментари и навреди за премиерката Брнабиќ, откако нејзината партнерка роди син

Српскиот претседател Вучиќ ги  осуди  непристојните коментари и навреди  на  социјалните мрежи упатени од грагани но  и од политичари кон премиерката Брнабиќ и нејзината  партнерка која вчера роди син. Тоа е примитивизам.

Вака нема да напредуваме рече Вучик.  Ана Брнабиќ и Милица Ѓурѓиќ се во врска околу 10 години.

На синот му го дале името Игор.  Инаку  Ана Брнабиќ е првата жена и прва геј личност  во историјата на Србија на местото премиер.

Пренесувајќи ја веста , Би БиСи  потсети   дека Србија не признава истополви бракови и забранува истополови двојки  да посвојуваат деца.