Македонија
16. December 2015 - 16:56

Непријатен пречек за Љупчо Николовски од СДСМ од страна на велешките земјоделци

Велешките земјоделци со непријатен пречек за дополнителниот замиеник министер за земјоделие од СДСМ, Љупчо Николовски.

Во жолчната расправија, видно вознемирени земјоделците го прашуваа Николовски како има лице да се појави пред нив, кога неговата партија им ги блокираше субвенциите?

Земјоделците му рекоа на Николовски дека тој е нелегитимен затоа што неговата партија не победила на изборите, и тој не ја добил нивната подршка. Наместо одговори тој ги навреди посочувајќи им дека се изманипулирани.

По укажувањата дека не е добредојден, дополнителниот заменик министер од СДСМ на земјоделците им се закани дека работите ќе се сменеле во април и заедно со своите соработници си замина од средбата со неговиот џип.

Земјоделците велат дека во време на СДСМ, земјоделците не добивале субвенции и скоро секоја година имале проблеми со откупот.

Од друга страна само годинава се исплатени околу 100 милиони евра субвенции а вкупно во последните 9 години откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт се исплатени 800 милиони евра субвенции.

Во исто време, одобрени се и средства од 4 ипол милион евра за нова механизација. А годинава е објавен и оглас за 7000 хектари земјоделско земјиште.

Владата преку странски инвестиции отвори и неколку центри за откуп на земјоделски производи.

Откупот на тутун е стабилен како никогаш до сега и годинава на тутуно производителите ќе им биде откупен целиот тутун, а додатно обезбедени се над 23 милиони евра субвенции.