Свет
18. March 2022 - 9:54

Непријателот не знае што да очекува од нас, Зеленски не открива детали за новиот пакет американска воена помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за дополнителната воена помош, но не сакаше да прецизира што точно вклучува новиот пакет, бидејќи не сака да и открива информации на Русија.

– Ова е наша одбрана, кога непријателот не знае што да очекува од нас. „Затоа што не ни знаеја што ги чека по 24 февруари, денот кога Русија изврши инвазија“, рече Зеленски, а пренесува агенцијата АП.

– Не знаеја што треба да браниме, ниту како сме подготвени да го примиме ударот – додаде Зеленски.

Тој наведе и дека Русија очекува да ја најде Украина во иста состојба како во 2014 година, кога, како што тврди, без борба го окупирала Крим и ги поддржувала сепаратистите додека тие ја преземале контролата врз источниот регион Донбас.

– Но Украина сега е друга земја, со многу посилна одбрана – рече Зеленски.

Тој исто така рече дека не е време да се открие тактиката на Украина во тековните преговори со Русија.

– Работете повеќе во тишина отколку на телевизија, радио или Фејсбук. Мислам дека тоа е вистинскиот пат – нагласи Зеленски.