Македонија
7. February 2018 - 14:26

Непознато лице со дрон ги снимало објектите на „Џеваир Холдинг“

 - Непознато лице, кое излегло од патничко возило „Мерцедес“ со косовски национални ознаки, со дрон ги снимало објектите на турската компанија „Џеваир Холдинг“.
 
Случајот вчера, во 16 часот, во полициската станица Аеродром го пријавил Б.Т. (44), директор на обезбедувањето во „Џеваир Холдинг“. 
 
Како што соопшти денеска МВР, вработен во обезбедувањето реагирал, а непознатото лице на англиски јазик му возвратило дека сакало да го испроба дронот. Тој бил предупреден дека такво нешто не е дозволено во кругот на „Џеваир Холдинг“, по што го земал дронот и го напуштил местото.
 
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.