-->
-->
Непознато лице се обидело да киднапира Скопјанка, во Пинтија успеала да избега
-->
Скопјанка околу 03.30 часот во Единицата за известување и командување пријавила дека синоќа околу 22 часот противправно била лишена од слобода од непознато лице.
МВР информира дека во наведеното време М.С. (41) била во дневната соба и забележала непознато лице како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, непознатото лице ја фатило за коса, насилно ја одвлечкало и ја внело во патничко возило и се упатило над манастирот „Св. Еремија“ во населба Пинтија.
Кога застанале лицето со некого почнало да се допишува на мобилен телефон, М.С. успеала да ги отклучи вратите од возилото и да избега. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. рп/скс/12:40
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители