Свет
17. May 2017 - 10:04

Непознато лице се обиде да ја прескокне оградата на Белата куќа

Пристапот до Белата куќа синоќа беше блокиран откако засега непознато лице се обидело да ја прескокне оградата преку држачот за велосипеди, што е поставен долж севериот дел на зградата, соопшти американската тајна служба на нејзиниот официјален Твитер налог. 

Во соопштението се наведува дека осомничениот е задржан во протвор. 

Безбедносните мерки околку Белата куќа вчера беа зајакнати поради посетата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ја заврши средбата со неговиот американски колега Доналд Трамп пред да се случи инцидентот.