Свет
19. May 2019 - 10:08

„Непознати тела“ од Израел долетале во Сирија

Сириските државни медиуми јавија дека „непознати тела“ долетале во воздушниот простор над јужниот на Сирија од правец на Израел.

„Непознатите тела“ кои се спомнуваат во извештајот на државната новинска агенција САНА би можеле да се однесуваат на дронови, јавија светските агенции.

За сега нема реакција од Израел, кој во повеќе наврати потврди дека гаѓа цели во Сирија кои се поврзани со блиски сојузници на сириската влада – Иран и Хезболах. Гласни експлозии во петокот вечер одекнаа и во Дамаск, кога сириските државни медиуми јавија дека непријателски проектили долетуваат од правец на Израел, кој претходно потврди дека врши низа напади во Сирија.

Израел го смета Иран за своја најголема закана, како и либанското шиитско радикално движење Хезболах, кое има поддршка од Техеран.